МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА РИЗНИЦА CD-ROM
[Импресум] [Благодарност]
[Контакт]
Пребарувањето по соржините на CD-то е поделено по:
илустрирани теми |
книга |
галерија |
|
|
|
локалитети |
хронологија |
речник |
|
|
|
МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА РИЗНИЦА
Ризницата на културното наследство на Македонија, создавана во текот на праисторијата, антиката, ранотохристијанство, средновековната и подоцнежната епоха, сe до почетокот на минатото столетие, опфаќа голем број на споменици кои припаѓаат на различни историски епохи и ги одразуваат плодните творечки идеи на поднебјето и разновидните стилско-ликовни концепти и трендови. Византиските и поствизантиските сакрални споменици и исламските сакрални и профани објекти, претставуваат сведоштво за долгиот континуитет на уметничката традиција на македонското подрачје, на кое во текот на повеќе од еден милениум постоел трансфер на идеи и уметнички концепти, кој ги рефлектирал разновидните религиски и национални струења, обединети во творечкиот чин на уметничката креација. По своите архитектонски карактеристики и специфики и по ликовните квалитети и дострели, византиските, поствизантиските, исламските и спомениците од периодот на преродбата, припаѓаат на општото културно милје на балканскиот простор и сведочат за драгоцениот придонес на македонската територија во формирањето на единствениот уметнички трезор на Југоисточна Европа.
Начините на уметничко и духовното изразување на македонскиот простор кој низ вековите се профилирале преку поединечни техники на творење дали преку живописување, резбарење, иконописување, градителствување или пак на некој друг вид на креирање, некогаш во поголема или помала мера, повеќе успешно или не, но секогаш го одавале печатот на македонскиот гениј, кој, и во најтешки моменти на својата историја со несмалена желба и умешност го создал она што ние денеска го нарекуваме МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА РИЗНИЦА. |
Импресум
Издавач |
К А Л А М У С |
Автор и сценарио |
Дарко Николовски |
Духовен соработник |
Митрополит Американско-Kанадски г. Методиј |
Автори на текстовите |
д-р Викторија Соколовска, Антички накит
д-р Елица Манева, Средновековен накит
Милена Петровиќ, Накит (19 век)
д-р Сашо Коруновски, Средновековна архитектура
Јасминка Намичева, Драгица Живкова, Отомански градби
д-р Петар Намичев, Народна архитектура
д-р Викторија Соколовска, Античка скулптура
д-р Елизабета Димитрова, Мозаик
д-р Виктор Лилчиќ, Ранохристијанска камена пластика
д-р Снежана Филипова, Средновековна скулптура
Дарко Николовски, Сакрална резба
д-р Елизабета Димитрова, Фрескоживопис
Дарко Николовски, Иконопис
Јасмина Чокревска-Филип, Постаро графичко наследство
д-р Михаило Георгиевски, Илуминирани ракописи
д-р Сотир Голабовски, Старомакедонско црковно пеење
м-р Перо Јосифовски, Монетоковање
Гордана Видиниќ, Народни носии
Сенка Наумовска, Јелена Фиданоска, Речник |
Главен асистент на проектот |
м-р Роберт Петковски |
Техничко уредување |
Горан Шлакески |
Дизајн |
Лара Ташковска |
Музика |
Стефан Шашков
Извадок од „Пасхални песнопенија“ - Кукузел, 2002 |
Видео |
Стефан Шашков |
Илустративен материјал |
Дарко Николовски & Банка на податоци КАЛАМУС |
Мултимедијална и софтверска реализација |
Горан Шлакески
Ѓорги Хаџиманев |
Превод на англиски јазик |
Снежана Филипова |
Лектура и коректура на македонски јазик |
Јасмина Крстевска |
Внесување и обработка на текстуалниот материјал |
Михаил Лопарски |
Издавачот им се заблагодарува за соработката во реализација на проектот на:
Македонската Православна црква
Исламската заедница во Р. Македонија
Р. Македонија Национален конзерваторски центар - Скопје
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
Музеј на Македонија
Посебна благодарност до колегите и управата на Музејот на Македонија за обезбедување на стручна помош и непречена достапност на музејските збирки и лични архиви во сите теми обработени во овој CD-ROM:
професорите од Институтот за историја на уметност и археологија за несебичната соработка и достапност на нивните лични архиви од кои беше пополнет значаен дел од илустративнинот материјал:
Благодарност до сите оние добронамерни кои имаа верба во овој проект и кои на каков било начин придонесоа за неговата реализација. |
К А Л А М У С
адреса: ул. "Партениј Зографски" 3б
1000 Скопје, Македонија
тел:+389 02 32 111 38; 27 35 031; 070 50 98 56
www.kalamus.com.mk
К А Л А М У С
© Copyright 2006
|