БАНКА НА ПОДАТОЦИ
Примарна дејност со која ќе се бави Банката на податоци ќе биде: изготвување, дизајнирање, складирање, класификација и по електронски пат дистрибуција на информациите за спомениците на културата до сите заинтересирани корисници.
Банката на податоци ќе претставува информациски центар, опремен со современа информатичка технологија, која ја опслужува научно-стручен и технички персонал. Оваа Банка ќе ги користи резултатите од истражувањата кои се бават со заштита на културното наследство во земјата.
Врз основа на сознанијата до кои се доаѓа со остварувањето на дејностите на Центарот, особено научно-истражувачка дејност ќе се изготвуваат информациски пакети кои понатаму ќе се дистрибуираат непосредно и по електронски пат и ќе бидат достапни за сите заинтересирани (стручни и научни работници, институции, студенти, ученици и др.)
Составен дел од работата на Банката ќе биде датотеката која ќе содржи богат стручно-научен и популарен материјал (печатен материјал, дискетни, слајдови, видео и аудио записи, ЦД ромови и сл.)
|