|
СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА
К. Балабанов, А. Николовски и Д. Ќорнаков
СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНИЈА од авторите К. Балабанов. А. Николовски, Д. Ќорнаков и понатака останува да биде референтно и неодминливо дело кое на едно
место ги дава базичните податоци за спомениците на културата во Македонија. Овој материјал ни нуди ретка можност, да преку текстовите на нашите еминентни стручњаци,
од првата генерација на историја на уметноста во Македонија, се запознаеме со најзначајните споменици од нашето богато културно наследство.
На 266 страни, А5 формат, 67 колор илустрации, на еден синтетички начин имаме увид во 170 археолошки локалитети, манастири и цркви, отомански градби, бедеми, градски калиња,
средновековни кули, мостови, староградска архитектура и историјат за позначајните градски јадра во Македонија со што ни се пружа единствена прилика, на едно место, да добиеме
целосна слика за историско-културните премрежја на почвата на Македонија низ вековите.
Превземи
|