БИБЛИЈА CD-ROM : ЛИТУРГИЈА
Божествената
литургија како средиште на духовната преобразба, за православните
верници претставува исклучителен настан. По секоја литургиска
служба верниците излегуваат охрабрени, прочистени и исполнети,
оживотворени, причестувајќи се со телото и крвта Христова,
ја откриваат тајната Христова и ја понесуваат во себе со заедничка
вера низ општата (заедничка) служба и заедничкиот принос.
Наша
интенција е Божествената литургија да ја доближиме до оние
верници кои иако ја практикуваат, не знаат доволно за неа,
но и за оние кои би сакале за првпат да дознаат за нејзината
содржина и да бидат активни учесници во неа.
За
таа наша намера, го искористивме прекрасниот текст на рускиот
писател Николај Васиљевич Гогољ "Размислување за Божествената
литургија", кој со убав и питок речник, близок и разбирлив
секому, ни ја толкува Литургијата.
Овој
текст е надополнет со видео клипови снимени на една редовна
литургиска служба кај нас, кои и визуелно ни ја доловуваат
атмосферата и ни го дообјаснуваат текстот. Како пандан на
овој текст од Гогољ оди и интегралниот текст на Златоустовата
литургија, обработен визуелно.
Како
елементи кои служат во контекст на понатамошно продлабочено
навлегување во литургиската служба и нејзино подетално објаснување,
активни се поглавјата:
Речник
- каде што се толкуваат сите оние зборови кои имаат значење
во самата служба и околу неа.
Литургиски одежди и предмети
- каде што визуелно е обработено сi она што е потребно
за самата служба.
|