БИБЛИЈА CD-ROM : СВЕТО ПИСМО

            Направен е обид за првпат македонскиот превод на Светото Писмо да се претстави со дигитален јазик. На самиот почеток на новиот Милениум и двеилјадитата година од Раѓањето Христово, ја нудиме Светата реч во дигитален облик со цел да им излеземе пресрет на сi побројните корисници на овој медиум, во реафирмирањето на духовните и моралните општочовечки вредности.
             Се потрудивме предностите на новата технологија и медиумите, максимално да ги искористиме во овој мултимедијален проект преку создавање посебен софтвер кој ни нуди бројни нови можности за напредно користење на текстот на Библијата. Можноста за неколку секунди да добиеме податоци за кои инаку би ни требале часови и денови (пребарувањето се врши низ 4.407.230 карактери или 1.370 компјутерски страни) е доволна причина да се има ова електронско издание на најчитаната и најпреведуваната книга на светот.
            Се надеваме дека со овој проект даваме придонес и им овозможуваме на сите оние на кои Библијата им треба, како професионално, така и на оние кои ја гледаат како животна потреба и катадневна духовна надградба.


(c) Сите права се задржани од Каламус / Изработил Aspekt